Хамас најави дека ќе предаде тело на еден заложник, Црвениот крст ќе го преземе
- Милитантната група Хамас денеска објави дека вечерва ќе го предаде телото на еден од своите заложници, без да го открие неговиот идентитет.
Газа, 17 октомври 2025 (МИА) - Милитантната група Хамас денеска објави дека вечерва ќе го предаде телото на еден од своите заложници, без да го открие неговиот идентитет.
Според соопштението, Црвениот крст ќе го преземе телото од Хамас и ќе го предаде на припадниците на израелските одбранбени сили во Газа, објавува „Тајмс оф Израел“.
После тоа, телото ќе биде испратено во израелскиот институт за судска медицина „Абу Кабир“ во Тел Авив за идентификација. мс/
фото: ЕПА