• петок, 05 декември 2025

Хамас го обвини Израел дека хуманитарната помош ја користи за „политичка уцена“

Хамас го обвини Израел дека хуманитарната помош ја користи за „политичка уцена“

Газа, 5 мај 2025 (МИА) – Палестинското исламистичко движење Хамас го обвини Израел дека ја користи хуманитарната помош како алатка за „политичка уцена“ и е одговорен за „влошување на хуманитарната катастрофа“ во Појасот Газа, јавија француските медиуми.

„Ја отфрламе употребата на хуманитарната помош како алатка за политичка уцена“, се наведува во соопштението на Хамас.

„Продолжува попречувањето на влезот на помошта, што започна на 2 март. Ова го прави Израел „целосно одговорен за влошување на хуманитарната катастрофа“ на палестинската територија, нагласи исламистичкото движење.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан