• сабота, 27 јули 2024

Халеп: Во одреден момент сфатив дека тенисот не е толку важен во споредба со она што се случува во светот

Халеп: Во одреден момент сфатив дека тенисот не е толку важен во споредба со она што се случува во светот
Лондон, 29 април 2022 (МИА) – Романската тенисерка Симона Халеп зборуваше за тешката ситуација во светот почнувајќи од 2020 година. - Ова е многу заморно за сите, ние сме загрижени. На сите им е тешко во моментов, не само на тенискиот свет. Луѓето страдаат, а ситуацијата во целина е многу непријатна. Наспроти позадината на сите проблеми, не можеме да работиме доследно. А повредите се резултат на постојан стрес. Во одреден момент сфатив дека тенисот не е толку важен во споредба со она што се случува. Поради пандемијата бев многу исплашена. Но, ова е нешто што не можеме да го контролираме. Сегашните проблеми надминуваат сè друго. Но, ако имаме можност да го правиме она што го сакаме, треба да бидеме благодарни. Барем можеме да играме и да заработуваме, изјави Халеп. Романската тенисерка помеѓу 2017 и 2019 година 64 седмици беше прворангирана на светската ранг-листа. зс/

Остани поврзан