• вторник, 24 декември 2024

Халеви и шефот на Шин Бет ги одобрија борбените планови за продолжување на војната

Халеви и шефот на Шин Бет ги одобрија борбените планови за продолжување на војната

Шева, 9 март 2024 (МИА) - Командантот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Херзи Халеви и шефот на израелската разузнавачка служба Шин Бет, Ронен Бар, денеска ги одобрија борбените планови „за продолжување на војната“.

ИДФ наведува дека командантот на Јужната команда, генерал-мајор Јарон Финкелман, заменикот Шин Бет и некои други високи армиски функционери биле присутни на состанокот во седиштето на Јужната команда на Армијата во градот Бер Шева.

ИДФ наведува дека Халеви и Бар „ги одобриле плановите за продолжување на војната“, не наведувајќи повеќе детали, пишува „Тајмс оф Израел“. мс/

фото: ИДФ

Остани поврзан