Халанд го постигнува својот 100. гол за Манчестер сити
- Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд го постигна својот 100-ти гол за „Граѓаните“. Норвежанецот погоди денес против Арсенал во натпреварот од 5. коло на Премиер лигата.

Манчестер, 22 септември 2024 (МИА) – Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд го постигна својот 100-ти гол за „Граѓаните“. Норвежанецот погоди денес против Арсенал во натпреварот од 5. коло на Премиер лигата.
Напаѓачот ја игра својата трета сезона и 105. натпревар за англискиот клуб. Има и 14 асистенции.
Вкупно, Халанд постигна 235 гола на 288 натпревари.
За норвешката репрезентација одигра и 35 натпревари и постигна 32 гола. зс/
Фото: ЕПА