• среда, 27 ноември 2024

Хагари: Под џамија во Газа војниците на ИДФ пронајдоа работилница за изработка на ракети на Хамас

Хагари: Под џамија во Газа војниците на ИДФ пронајдоа работилница за изработка на ракети на Хамас

Тел Авив, 21 ноември 2023 (МИА) - Израелската армија (ИДФ) ноќеска соопшти дека под џамија во населбата Зејтун, во градот Газа, пронашла работилница што наводно палестинската милитантна група Хамас ја користи за производство на ракети.

-Џамијата, во областа Зејтун, се користела како лабораторија за производство на оружје, изјави на прес конференција портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари, пренесува „Тајмс оф Израел“. 

Портпаролот додаде дека израелските војници влегле во џамијата за да проверат дали има замки, но, кога влегле во зградата, нашле тунелско окно и скалила. 

-Терористите прават ракети во џамијата. Тие го користат исламот и симболите на исламот за тероризам, рече Хагари. сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан