Хаверц по „хет-трикот“: Сакам да постигнам многу голови за Челси
- Фудбалерот беше многу задоволен од своето достигнување, но беше изненаден кога дозна дека менаџерот Френк Лампард е подготвен да го извади од игра непосредно пред неговиот прв гол.

Лондон, 24 септември 2020 (МИА) - 21-годишниот германски играч за врска на Челси, Каи Хаверц постигна „хет-трик“ во победата од 6:0 над Барнсли во натпревар од 3. коло на Лига купот.
Фудбалерот беше многу задоволен од своето достигнување, но беше изненаден кога дозна дека менаџерот Френк Лампард е подготвен да го извади од игра непосредно пред неговиот прв гол.
- Немав идеја за тоа. Пресреќен сум со моите три гола. Ова е само почеток. Сакам да постигнам се повеќе и повеќе. Тоа е мојата цел тука. Ми се допадна интеракцијата со Тами Абрахам. Ми беше многу лесно да играм со него, вели Хаверц, цитиран од Goal.com.