• среда, 27 ноември 2024

„Хабанос С.А.“ со рекордна продажба на цигари и пури во 2021 година

„Хабанос С.А.“ со рекордна продажба на цигари и пури во 2021 година
Хавана, 12 мај 2022 (МИА) - Кубанската државна фабрика „Хабанос С.А.“ соопшти дека во 2021 година забележала рекордна продажба на рачно изработени цигари и зголемување на приходот за 15 проценти во споредба со претходната година. Кубанските рачно изработени пури, вклучувајќи ги и брендовите како „Кохиба“, „Монтекристо“ и „Партагас“ важат за најдобри во светот. Најголем пазар за кубанските пури се Шпанија, Кина, Германија, Франција и Швајцарија. Куба не може да ги продава своите познати пури на најголемиот пазар во светот, САД, поради ембаргото, што е во сила со децении. „Хабанос“ најави дека цигарите ќе имаат иста цена насекаде во светот. Компанијата истакна дека поголемиот број цигари и пури ќе се продаваат по 100 американски долари по парче. ми/

Тагови

Остани поврзан