• вторник, 24 декември 2024

Ф1: Серхио Перез уште две години во Ред Бул

Ф1: Серхио Перез уште две години во Ред Бул

 

Салцбург, 5 јуни 2024 (МИА) – Мексиканецот Серхио Перез за уште две години го продолжи договорот со Ред Бул, тимот кој доминира во Формула 1 во последните години и во моментов е првопласиран оваа сезона во пласманот на конструктори.

Неодамна се шпекулираше дека Перез би можел да го напушти Ред Бул, но возачот кој последен пат победи во април 2023 година на Големата награда на Азербејџан ќе остане верен на Ред Бул до 2026 година.

„Среќен сум поради продолжувањето на договорот и им благодарам на сите за довербата. Несомнено дека ќе се обидам да возвратам за тоа на самата патека со добри резултати“, изјави Перез.

Мексиканскиот возач е петтопласиран во моментов во генералниот пласман со 107 бодови, додека лидер е неговиот тимски колега и актуелен светски шампион Макс Ферстапен со 169 бодови. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан