Ф1: Расел ќе стартува од полпозицијата во Сингапур
- Британецот Џорџ Расел (Мерцедес) ќе стартува од полпозицијата на утрешната трка за Големата награда на Сингапур во Формула 1, а светскиот шампион Макс Верстапен ќе го комплетира првиот ред во болидот на Ред Бул.
Сингапур, 4 октомври 2025 (МИА) – Британецот Џорџ Расел (Мерцедес) ќе стартува од полпозицијата на утрешната трка за Големата награда на Сингапур во Формула 1, а светскиот шампион Макс Верстапен ќе го комплетира првиот ред во болидот на Ред Бул.
Англичанецот Расел ја извозе патеката Марина Беј за една минута и 29,158 секунди и беше 0,182 секунди пред Холанѓанецот Верстапен, додека лидерот сезонава во генералниот пласман Австралијанецот Оскар Пјастри (Мекларен), беше трет.
За Расел ова е втора полпозиција оваа сезона, а вкупно седма во кариерата
Трката за Големата награда на Сингапур ќе стартува в недела во 14 часот.ег
ФОТО: Ф1/Фејсбук