ФФМ: Клубовите нема да плаќаат котизација
- На седницата на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесена е одлука за ослободување од плаќање котизација на екипите од Втора МФЛ - Исток, Втора МФЛ - Запад и екипит
Скопје, 11 јули 2020 (МИА) - На седницата на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесена е одлука за ослободување од плаќање котизација на екипите од Втора МФЛ - Исток, Втора МФЛ - Запад и екипите од Трета МФЛ за натпреварувачката сезона 2020/2021.
- Ослободувањето од котизација за екипите од Втора МФЛ и Трета МФЛ, Управниот одбор на федерацијата ја донесе како една од суштинските мерки во соочувањето на фудбалските клубови во нашата држава со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус, објави ФФМ.
Фудбалската федерација на Македонија, минатата година, ги ослободи од плаќање котизација за учество во Првата македонска фудбалска лига. зс/