• вторник, 24 декември 2024

Функционер на Хамас: Смртта на лидерот Синвар не значи и крај за нашето движење

Функционер на Хамас: Смртта на лидерот Синвар не значи и крај за нашето движење

Бејрут, 18 октомври 2024 (МИА) - Членот на политичкото биро на движењето Хамас, Басем Наим денеска изјави дека смртта на лидерот не значи крај на движењето. Тој рече дека организацијата не може да биде уништена со убивање на нејзините водачи, пренесува Би-Би-Си, додавајќи дека тој не ја потврдил смртта на лидерот на Хамас, Јахја Синвар.

-Изгледа дека Израел верува оти убиството на нашите водачи значи крај на нашето движење и борбата на палестинскиот народ. Не е првпат Израел да каже нешто такво, рече тој, алудирајќи на убиствата на претходните лидери на Хамас и додаде дека тие станале „икони“ за идните генерации.

Тој додаде дека Хамас верува дека судбината на организацијата е „или победа или мачеништво“.

-Да, многу е болно и вознемирувачко да се губат најблиските, особено извонредните лидери како нашиот, но она во што сме сигурни е дека на крајот сме победници, ова е исходот за сите луѓе кои се бореле за својата слобода, рече Наим.

Водачот на милитантната група Хамас, Јахја Синвар, беше убиен во израелска операција во четвртокот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан