Фудбалскиот турнир на ЛОИ2028 во седум американски градови
- Фудбалскиот турнир на Летните олимписки игри чиј домаќин во 2028 година ќе биде Лос Анџелес, ќе се одржи во седум градови во САД, објави денеска прес-службата на Меѓународниот олимписки комитет.
Лос Анџелес, 3 февруари 2026 (МИА) – Фудбалскиот турнир на Летните олимписки игри чиј домаќин во 2028 година ќе биде Лос Анџелес, ќе се одржи во седум градови во САД, објави денеска прес-службата на Меѓународниот олимписки комитет.
Местата за одржување на фудбалските натпревари се движат од стадионот на Њујорк Сити, кој е во изградба и треба да биде завршен во 2027 година, до постојните стадиони во МЛС лигата во Охајо, Тенеси, Мисури и Северна Калифорнија.
Натпреварите од завршната фаза, вклучувајќи ги и дуелите за златните медали во машка и женска конкуренција, ќе се играат на „Роуз Боул“ во Пасадена.
Машкото финале е закажано за 28 јули 2028 година, а женското ќе се игра на 29 јули 2028 година.ег
ФОТО: ЕПА