• вторник, 27 август 2024

Фудбалерите на Баерн се незадоволни од однесувањето на Мане и неговите играчки квалитети

Фудбалерите на Баерн се незадоволни од однесувањето на Мане и неговите играчки квалитети

Минхен, 3 мај 2023 (МИА) - Баерн е во потрага по клуб кој е подготвен да го ангажира напаѓачот Садио Мане.

 

Според „Билд“, фудбалерите на германскиот клуб се незадоволни од 31-годишниот играч откако тој го удрил Лерој Сане во лице. Инцидентот во соблекувалната по поразот од Манчестер сити со 0:3 ги шокираше играчите на Баерн бидејќи Мане го удри Сане без посебна причина.

 

Покрај тоа, фудбалерите на Баерн се изненадени од фудбалските недостатоци на Сенегалецот. Меѓу играчите на клубот, Мане комуницира само со Буна Сар, со кого заедно играат за репрезентацијата на Сенегал.

 

Се известува и дека Баерн со задоволство би го вклучил Сенегалецот во замена за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимхен, но таква зделка е невозможно да се реализира, бидејќи во Минхен Мане добива најмалку 10 милиони евра годишно нето. Наполи не може да плати толку многу. Доколку Баерн добие понуда за Мане, ќе биде подготвен да преговара.

 

Мане е во Баерн од летото 2022 година. Тој оваа сезона настапи на 35 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 12 гола и пет асистенции. Договорот е до летото 2025 година. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан