• петок, 05 декември 2025

Фудбалерите на англиски клуб им ги вратија парите на навивачите по поразот од 0-7

Фудбалерите на англиски клуб им ги вратија парите на навивачите по поразот од 0-7

 

Лондон, 24 ноември 2025 (МИА) – По поразот од 0-7 изминатиот викенд, фудбалерите на англискиот шестолигаш Истбурн Боро, одлучија да им ги вратат парите на навивачите за купените билети.

Четириесет и пет навивачи на Истбурн тргнаа на долго патување преку јужниот брег до гратчето Торки во саботата, но веројатно зажалија што не останаа дома, откако нивниот тим претрпе катастрофален пораз.

„По овој неприфатлив резултат, играчите на Истбурн Боро самоиницијативно одлучија да им ги надоместат трошоците за билетите за натпреварот на сите навивачи кои патуваа“, се вели во соопштението на клубот.

Истбурн е на дното на табелата со само две победи на18 натпревари.ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан