• понеделник, 23 декември 2024

Фронтекс тројно го зголеми своето присуство на бугарската граница со Турција

Фронтекс тројно го зголеми своето присуство на бугарската граница со Турција

Брисел, 29 февруари 2024 (МИА) - Европската агенција за крајбрежна и гранична стража (ФРОНТЕКС) денеска соопшти дека од следниот месец ќе го зголеми бројот на свои припадници во Бугарија, за да помогне во намалување на бројот на луѓе кои преминуваат во ЕУ од Турција.

Тројното зголемувањето на персоналот доаѓа додека Бугарија се подготвува делумно да се приклучи на европската зона за слободно патување Шенген, во потег со кој  од 31 март ќе се укинат пасошите за луѓето кои патуваат меѓу земјата и Шенген-зоната по воздушен и морски пат.

Граничните проверки за копнено патување ќе останат.

Со зголемувањето,бројот на полицајци кои работат таму ќе биде меѓу 500 и 600, рече шефот на Фронтекс, Ханс Лајтенс, стоејќи во близина на граничната ограда од бодликава жица.

- Бугарија е многу важен партнер. Без Бугарија не можеме да ги заштитиме нашите надворешни граници – додаде тој.

Фронтекс објави дека минатата година забележал 380.000 илегални преминувања на сите граници во Европската Унија, најмногу од 2016 година.

Вкупните бројки се уште се далеку од врвот во 2015 и 2016 година, што беше поттикнато од напливот на мигранти кои бегаат од војна и сиромаштија на Блискиот Исток и Африка. ссм/

фото: архива

Остани поврзан