• сабота, 23 ноември 2024

Фридрих Мерц е кандидатот на ЦДУ за германски канцелар на изборите следната година

Фридрих Мерц е кандидатот на ЦДУ за германски канцелар на изборите следната година

Берлин, 17 септември 2024 (МИА) - Германската опозициска Христијанско-демократска унија (ЦДУ) денеска објави дека Фридрих Мерц е нејзиниот кандидат за канцелар на сојузните избори следната година.

Изборот беше објавен на прес-конференција на која говореа Мерц и Маркус Зедер, премиерот на Баварија и лидер на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), кој, исто така, беше кандидат за функцијата.

Зедер нагласи дека целосно го поддржува Мерц и дека ги обединува заедничката цел за соборување на актуелната влада „и враќање на Германија на вистинскиот пат“.

Мерц му се заблагодари на Зедер за поддршката и рече дека неговата партија, која со години ја водеше поранешната канцеларка Ангела Меркел, има „цврста намера повторно да преземе лидерска одговорност во земјата“.

Оваа одлука претставува предизвик за актуелниот канцелар Олаф Шолц на изборите закажани за септември 2025 година.

Шолц изјави дека сака повторно да се кандидира за канцелар, но неговата партија не го потврди тоа.

Мерц во моментов важи за фаворит, откако Зедер не успеа да добие поддршка за својата кандидатура, пишуваат германските медиуми.

Германците се соочени со избори следната година во критично време додека земјата се бори да интегрира голем број бегалци додека економијата слабее. Неодамнешните екстремистички напади поттикнаа наплив на поддршка за екстремната десница.

Анкетите покажуваат дека демохристијаните во моментов се најсилната партија во земјата.сд/

фото:ДПА

Остани поврзан