• сабота, 04 јануари 2025

Фридрих Мерц ги поддржа преговорите за слободна трговија со САД 

Фридрих Мерц ги поддржа преговорите за слободна трговија со САД 

Берлин, 2 јануари 2025 (МИА) - Лидерот на германската конзервативна опозиција Фридрих Мерц го поддржа новиот обид да се преговара за договор за слободна трговија со САД, јави ДПА.

Во интервју за германската агенција, Мерц рече дека европската економија ќе се соочи со предизвици под водството на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, но дека одговорот треба да биде враќање на конкурентноста на Германија и Европа, а не наметнување на тарифите. 

-Потребна ни е позитивна агенда со САД, која ќе биде од корист и за американските и за европските потрошувачи. Новата европско-американска заедничка иницијатива за слободна трговија би можела да го спречи наметнувањето царини, рече Мерц, кој е фаворит за нов канцелар меѓу можните наследници на Олаф Шолц, пренесуваат британските медиуми. 

Трамп, кој треба да ја преземе функцијата еден месец пред одржувањето на федералните избори во Германија, ги прекина преговорите за предложениот трговски договор меѓу Европската унија и САД за време на неговиот прв мандат и наместо тоа започна серија трговски спорови со ЕУ. 

Пред изборите во САД во 2024 година, Трамп изјави дека ќе воведе високи царини за стоките од ЕУ, што особено ќе влијае врз германската економија, имајќи предвид дека САД се најголемиот купувач на германски производи.сд/ 

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан