• сабота, 23 ноември 2024

Фридом хаус: Загрижува падот на демократијата во Европа

Фридом хаус: Загрижува падот на демократијата во Европа
Вашингтон, 28 април 2021 (МИА) - Американската невладина организација за состојбата на демократијата во земјите во транзиција Фридом хаус во најновиот извештај наведува дека во во Европа и во Евроазија има најмал број на демократски држави во изминатите 26 години. На листата од 29 земји, Естонија е најдобро рангирана со ефективност од 84 проценти, а на последно место е Туркменистан. Во извештајот на Фридом хаус, во Русија и Белорусија, кои се оценети како консолидирани авторитарни режими, значително е зголемена репресијата во текот на 2020 година. - Намалувањето на на демократијата во Европа и Евроазија е многу загрижувачко, посебно во контекст на 15-годишното последователно влошување на глобалната демократија, предупреди авторката на извештајот и директорка на одделот за Европа и Евроазија во Фридом хаус, Желике Чаки. Фридом хаус посочува дека во седумте земји од Западен Балкан (Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора и Србија) се класифицирани како хибридни режими или влади во транзиција, со исклучок на Хрватска, која е опишана како полуконсолидирана демократија. Во извештајот се наведува дека Северна Македонија и БиХ постигнале напредок, а назадувале - Албанија, Косово, Црна Гора и Србија. ми/

Остани поврзан