Фридкин Груп официјално нов сопственик на Евертон
- Американската корпорација Фридкин Груп денеска официјално стана мнозински сопственик на англискиот фудбалски прволигаш Евертон.
Ливерпул, 19 декември 2024 (МИА) – Американската корпорација Фридкин Груп денеска официјално стана мнозински сопственик на англискиот фудбалски прволигаш Евертон.
Условите за продажба на Евертон на Групацијата Фридкин од досегашниот сопственик Фархад Мошири и неговата компанија Блу Хевен Холдингс беа договорени уште во септември, а сега се потврдени, со што корпорацијата со седиште во Тексас стана сопственик на 98,8 отсто од акциите на Евертон.
Евертон е вториот европски фудбалски клуб во сопственост на групата Фридкин, која претходно ја купи и италијанската Рома.
„Денеска е посебен и горд ден за Групацијата Фридкин бидејќи станавме чувари на овој иконски клуб. Посветени сме да го водиме Евертон во нова возбудлива ера и на теренот и надвор од него“, објави Марк Вотс, кој ќе ја преземе функцијата извршен претседател на клубот. ег
ФОТО: Фејсбук