Француско радио ги прогласи за починати Елизабета Втора, Пеле и други познати личности
- Раководството на Радио Франс Интернешнал (РФИ) се извини за грешката во која беа објавени некролози на голем број познати светски личности кои се уште се живи и здрави.
Париз, 16 ноември 2020 (МИА) - Раководството на Радио Франс Интернешнал (РФИ) се извини за грешката во која беа објавени некролози на голем број познати светски личности кои се уште се живи и здрави.
Меѓу нив се наоѓаа имињата на фудбалската легенда Пеле, британската кралица Елизабета Втора, глумицата Брижит Бардо и други. Според радиостаницата, станува збор за „технички проблем“.
- Технички проблем доведе до објавување на голем број некролози на нашата веб-страница. Ние направивме напори да го решиме проблемот со извинување до засегнатите личности и нашите слушатели!, се наведува во соопштението на француското радио.
Грешката предизвика бурни реакции - од збунетост до остро исмевање. Меѓу „погребаните“ беа и иранскиот врховен лидер Али Хамнеи, поранешниот американски претседател Џими Картер, кубанскиот лидер Раул Кастро, но и познати филмски имиња, како што се Клинт Иствуд, Софија Лорен и Жан-Пол Белмондо. гт/