• сабота, 23 ноември 2024

Француското фудбалско првенство може да го смени името во Мекдоналдс Лига 1

Француското фудбалско првенство може да го смени името во Мекдоналдс Лига 1

Париз, 5 март 20234 (МИА) - Францускиот фудбалски шампионат може да добие нов спонзор за титулата следната сезона.

Според порталот „onzemondial.com“ во сезоната 2024/25 првенството ќе се вика „Мекдоналдс лига 1“. Договорот на лигата со сегашниот спонзор „Uber Eats“ завршува оваа година.

Новиот договор предвидува Француската професионална лига (ЛФП) да добива 20 милиони евра по сезона наместо 15 милиони евра што и следуваат според сегашниот договор.

Во моментов лидер во француската Лига 1 е ПСЖ кој на 24 натпревари има постигнато 55 бода. Брест е на второто место со 46 бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан