• понеделник, 23 декември 2024

Француските власти забранија гостински навивачи на дербито меѓу Лион и Марсеј

Француските власти забранија гостински навивачи на дербито меѓу Лион и Марсеј


Париз, 20 септември 2024 (МИА) – Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен им забрани на навивачите на Олимпик Марсеј да патуваат в недела на прволигашкото дерби против Олимпик Лион.
Мерката, како што пренесуваат француските медиуми, ќе биде на сила в недела од утро до полноќ и е образложена со „реалниот и сериозен ризик од судири меѓу приврзаниците на двата клуба“.
Натпреварите на Марсеј на гостински терен честопати се исполнети со немири поради агресивното однесување на дел од клупските навивачи, што според властите се случува околу стадионите и во централните подрачја на градовите.
Поради инцидентите што се случија за време на гостувањето на Олимпик Марсеј на дуелот против Анже во септември 2021 година, француската лига му изрече повеќемесечна забрана на клубот од југот на Франција да организира навивачка поддршка за своите натпревари на гостински терен. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан