• вторник, 26 ноември 2024

Францускиот Парламент ќе се изјасни за контроверзниот план за пензиски реформи

Францускиот Парламент ќе се изјасни за контроверзниот план за пензиски реформи

Париз, 16 март 2023 (МИА) - Оспоруваниот план за реформа на пензискиот систем на Франција е во последна законодавна фаза, при што денеска за него ќе се гласа во обата дома на Парламентот. Гласањето следува по масовните протести во земјата против пензиските реформи.

Комсија составена од членови на двата дома,  Сенатот и Националното собрание, вчера ги разработи деталите за да се постигне компромисен предлог.

 ќе гласаат за предлогот.

Клучната точка на реформата е да се зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.

Дополнително, треба да се зголеми бројот на години потребни за уплата во пензискиот систем, а минималната пензија да се зголеми на 1.200 евра.

Реформата се смета за клучен проект на претседателот Емануел Макрон и неговата влада од десниот центар, што се оправдува со заканата од дефицит во пензискиот фонд.

Предложената реформа наиде на критики кај синдикатите, но и кај дел од опозицијата.

Остани поврзан