• среда, 25 декември 2024

Францускиот парламент изгласа во Уставот да се вклучи гарантираната слобода на абортус

Францускиот парламент изгласа во Уставот да се вклучи гарантираната слобода на абортус

Париз, 31 јануари 2024 (МИА) – Долниот дом на францускиот Парламент синоќа со огромно мнозинство гласови во прво читање ја прифати владината реформа, чија цел е да се вметне во Уставот „гарантираната слобода“ на жените да ја прекинат бременоста.

Одлуката беше поддржана од 493 пратеници, додека 30 беа против.

Министерот за правда Ерик Дупонд-Морети изјави дека сега е ред на францускиот Сенат да го усвои текстот.

За измената на Уставот да стапи на сила Сенатот, во кој доминираат десницата и центарот, треба да го усвои текстот таков каков што е, без измени, иако има несогласувања на мнозинската десница за некои формулации од реформата.

На 8 март 2023 година, претседателот Емануел Макрон вети дека ќе го вклучи правото на абортус во Уставот, одговарајќи на загриженоста за укинувањето на загарантираното право на абортус во САД. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан