• понеделник, 23 декември 2024

Француската полиција уапси Финец, осомничен за кражба на податоци на пациенти

Француската полиција уапси Финец, осомничен за кражба на податоци на пациенти

Париз, 3 февруари 2023 (МИА) – Француската полиција денеска уапси 25-годишен Финец, осомничен дека упаднал во регистарот на податоци на околу 33.000 пациенти на Центарот за психотерапија во Хелсинки, соопшти финската криминалистичка полиција.

Националното биро за истраги на Финска издаде меѓународна потерница за маж осомничен за кражба на приватни податоци на пациентите.

Полицијата смета дека осомничениот уценувал пациенти и објавувал дел од украдените податоци на интернет, вклучително и податоци за приватни и трауматични настани.

Преземени се мерки осомничениот, кој ги негира обвиненијата, за краток временски период да биде екстрадиран во Финска. ми/

Остани поврзан