• сабота, 23 ноември 2024

Француската одбранбена индустрија на мета на околу 50 директни странски напади до 2023 година

Француската одбранбена индустрија на мета на околу 50 директни странски напади до 2023 година

Париз, 26 јуни 2024 (МИА) - Француските одбранбени компании биле цел на околу 50 директни напади во 2023 година, од провални кражби до саботажи организирани од странство, соопшти синоќа француската влада.

Вкупно 80 отсто од тие напади биле насочени кон подизведувачи на големи групи за национална одбрана, предупреди францускиот министер за вооружени сили Себастиен Лекорну за време на обраќањето во Сенатот.

Околу 50 напади од физичка природа против производители на одбрана се случиле во 2022 година, односно околу 40 во 2021 година.

Лекорну ја спомена и борбата против преселувањето на чувствителните работни места во странство.

Француските пратеници усвоија закон на почетокот на јуни за зајакнување на законодавниот арсенал против странско мешање, во услови на зголемени тензии во Украина и во Појасот Газа. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан