• понеделник, 23 декември 2024

Француската армија соопшти дека нема да ги евакуира француските војници од Нигер

Француската армија соопшти дека нема да ги евакуира француските војници од Нигер

Ниамеј, 1 август 2023 (МИА) - Евакуацијата на француските војници кои се наоѓаат во Нигер не е „на дневен ред“, соопшти денеска генералштабот на француската армија во моментот кога Франција ја почна операцијата за евакуација на своите граѓани од земјата каде што беше соборен избраниот претседател во воен удар.

Операцијата за евакуација се однесува на цивили, француски и европски државјани за да се осигури нивната безбедност по минатонеделниот пуч, се вели во соопштението.

Покрај тоа, три авиони Ербас А330 и А330 веќе отпатуваа од југот на Франција кон цивилниот аеродром во Ниамеј, главниот град на Нигер.

Од Генералштабот не можеа да прецизираат колку граѓани избрале да ја напуштат државата.

Во државен удар во Нигер минатата недела, предводен од генералот Абдурахман Тијани, избраниот претседател Мохамед Базума беше сменет. Тијани го оправда пучот со влошувањето на безбедносната состојба во земјата погодена од насилството на екстремистичките групи. зш/

фото: МИА архива

Остани поврзан