• среда, 25 декември 2024

Французинот Рабио уште една година во Јувентус

Французинот Рабио уште една година во Јувентус

Торино, 27 јуни 2023 (МИА) – Францускиот фудбалски репрезентативец Адриен Рабио (28) го продолжи договорот со италијанскиот гигант Јувентус за уште една сезона, до јуни 2024 година.

Рабио дојде во Јувентус во летото 2019 година и досега одигра 177 натпревари за клубот од Торино, постигнувајќи 17 голови.

Францускиот репрезентативец минатиот август беше на чекор до трансфер во Манчестер јунајтед, откако двата клуба ја договорија висината на обесштетувањето за трансфер на Рабио, кое требаше да изнесува 17 милиони евра.

Меѓутоа, британските медиуми тогаш објавија дека мајката на фудбалерот на Јувентус Вероника Рабио, која е и негов личен менаџер, ги налутила челниците на Јунјатед, бидејќи за Адриен побарала годишна плата од десет милиони евра. ег/

Фото: Твитер

Остани поврзан