• петок, 05 декември 2025

Франција ќе испрати три авиони „Рафал“ за заштита на полскиот воздушен простор

Франција ќе испрати три авиони „Рафал“ за заштита на полскиот воздушен простор

Париз, 11 септември 2025 (МИА) – Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека ќе испрати три авиони-ловци „Рафал“ за заштита на полскиот воздушен простор и на Источна Европа.

Тој додаде за тоа разговарал и со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и со британскиот премиер Кир Стармер.

- Нема да попуштиме пред растечкото заплашување на Русија, посочи Макрон.

Руски беспилотни летала на 10 септември навлегоа во полскиот воздушен простор, за време на нападот врз Украина, а полската армија со помош на НАТО собори 19 дронови. По инцидентот Полска

побара од Алијансата да го активира Член 4 од Договорот за НАТО, кој предвидува консултации меѓу сојузниците во случај на закана за една од неговите членки. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан