Франција противник на Полска во финалето на машкиот одбојкарски турнир на Олимпијадата
- На Олимписките игри во Париз, одредени се двојката финалисти на машкиот одбојкарски турнир.

Париз, 8 август 2024 (МИА) - На Олимписките игри во Париз, одредени се двојката финалисти на машкиот одбојкарски турнир.
Во решавачкиот натпревар ќе се сретнат селекциите на Франција и Полска. Финалето ќе се одржи во сабота на 10 август од 13 часот.
Ден пред финалето во натпреварот за третото место ќе играат селекциите на Италија и САД. Средбата ќе започне во 16 часот.
Францускиот тим е актуелен победник на олимпискиот турнир. На минатата Олимпијадата одржана во Токио, Французите во финалето ја победија Русија. зс/
Фото: ЕПА