• сабота, 23 ноември 2024

Франција прв финалист на Европското првенство во ракомет

Франција прв финалист на Европското првенство во ракомет

Келн, 26 јануари 2024 (МИА) – Репрезентацијата на Франција е првиот финалист на 16. Европско ракометно првенство, откако вечерва триумфираше во полуфиналето во Келн над бранителот на титулата Шведска со 34-30 (27-27) по продолжение.

Во драматичен натпревар полн со резултатски пресврти, актуелниот олимписки првак Франција имаше убедливи шест голови водство на полувреме (17-11), но Шведска испушти колосална предност од 27-25 во завршните две минути од регуларниот дел.

Французите во двете продолженија од по пет минути ја искористија психолошката предност и со три голови во серија поведоа со 30-27, а Швеѓаните беа немоќно повторно да се вратат резултатски во игра.

Уго Дескат со осум голови беше најефикасен во француската репрезентација, но херојот на Триколорите во полуфиналната драма во Келн беше Елохим Пранди, кој во последната секунда во регуларните 60 минути биеше прецизно од девет метри и го однесе натпреварот во продолжение.

За играч на натпреварот беше прогласен шведскиот голман Андреас Паличка кој запиша 15 одбрани,

Првото полуфинале меѓу Франција и Шведска го судеше македонскиот тандем Славе Николов и Ѓорги Начевски.

За Франција ова ќе биде прво европско финале по пауза од десет години во кое за противник ќе го има победникот од второто полуфинале кое е на програмата вечерва во Келн меѓу домаќинот Германија и Данска. ег/

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан