• вторник, 31 март 2026

Франција поуспешна од Колумбија во пријателски натпревар

Франција поуспешна од Колумбија во пријателски натпревар

Ландовер, 30 март 2026 (МИА) – Во пријателски фудбалски натпревар одигран синоќа во Ландовер, САД, Франција ја победи Колумбија со 3:1.

Дезире Дуе постигна два гола за Франција, 20-годишниот крилен напаѓач постигна гол во 29-та и 56-та минута. Маркус Турам исто така се запиша во листата на стрелци (41. минута), а имаше и едбна асистенција.

Единствениот гол за Колумбија беше дело на Хаминтон Кампас во 77. минута.

На турнејата во САД, Французите во четвртокот го совладаа Бразил со 2:1. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан