• понеделник, 23 декември 2024

Франција отвори истрага за воено злосторство за смртта на новинарот Солден

Франција отвори истрага за воено злосторство за смртта на новинарот Солден

Париз, 10 мај 2023 (МИА)  -   Француските власти отвораат истрага за воено злосторство за смртта во Украина на новинарот на Франс прес Арман Солдин.

Информацијата ја соопшти француското антитерористичко обвинителство.

Истрагата им е доверена на службениците на Централното биро за борба против злосторства против човештвото и злосторства од омраза и има за цел да ги утврди околностите под кои настапила смртта на францускиот новинар роден во Сараево.

Арманд Солден (32) беше убиен вчера во ракетен напад кај Бахмут.  зш/

Остани поврзан