• сабота, 16 ноември 2024

Франција најавува нови испораки на оружје за Украина

Франција најавува нови испораки на оружје за Украина
Париз, 21 ноември 2022 (МИА) - Министерот за вооружени сили, Себастиен Лекорну соопшти дека Париз ќе му обезбеди на Киев два унитарни ракетни фрлачи (ЛРУ) и размислува за испраќање радари, јави дописникот на МИА.

Редовно критикувана поради недостатокот на воена поддршка од инвазијата на Украина од страна на Русија на 24 февруари, Франција се обидува да го подобри својот имиџ во однос на снабдувањето со оружје. Себастиен Лекорну објави испорака на два унитарни ракетни фрлачи (ЛРУ) на Киев и го потврди испраќањето на две батерии за противвоздушна одбрана КроталНГ во Украина.

„Го проучуваме и украинското барање за радари, бидејќи откривањето на (руските) удари е од клучно значење“, додаде министерот за вооружени сили во интервјуто објавено од Журнал ди диманш.

Слично на американските повеќекратни ракетни фрлачи Химарс, кои Украинците интензивно ги користат од ова лето за уништување на руски складишта за муниција и логистички оски зад фронтот, ЛРУ се способни да погодат цели до 80 километри далечина со намалена прецизност до пет метри, велат француските артилерци. Армијата има тринаесет примероци, но само осум биле оперативни, според сенаторот на републиканците од територијата Белфор, Седрик Перин, кој го кажа тоа во твит објавен во октомври. Според ова, пратката до Украина би претставувала четвртина од францускиот ракетен парк во активност.

Дизајнирани во 1990-тите, Кротал НГ е систем земја-воздух со краток дострел, способен да детектира авиони кои летаат ниско во радиус од 20 километри и да ги уништи до 11 километри растојание. Франција има дванаесет примероци, прикачени на воздухопловните бази Истрес (Буш-ду-Рон), Аворд (Шер) и Сен Дизие (Горна-Марна). Според информациите на француските медиуми, Париз сепак се обидува да убеди некои од своите партнери да испорачаат проектили ВТ1 на Украина за снабдување на француските Кроатл НГ: овие проектили не се произведени од Талес веќе неколку години и залихите на армијата на воздух и вселена се ограничени.

Во однос на радарите кои Франција планира да и ги испорача на Украина, од Министерството за вооружени сили не даваат никакви изјаво. Според воени извори, тоа би можело да биде Ground Master 200 (GM200), систем со среден дострел, произведен во Франција. Способен да надгледува површина од 250 километри, GM200 е особено ефикасен во откривањето на мали и нисколетачки апарати. Уред што на Украина многу и недостига за да се спротивстави на брановите беспилотни летала, особено ирански, лансирани од Русија секој ден врз енергетските инфраструктури на земјата.

Покрај овие нови испораки, министерот за вооружени сили прецизира, во Журнал ди диманш, дека Франција учествува во износ од 550 милиони евра во Европскиот мировен фонд (ЕМФ), буџетски инструмент создаден во март 2021 година за поддршка воените операции за кои одлучува Европската унија. Од 24 февруари, Дваесет и седумте инјектираа 3,1 милијарда евра во овој фонд, што им овозможува на европските земји да добијат надомест за дел од нивните испораки на оружје за Украина. „Ние сме еден од најголемите придонесувачи (...). Значи, ние плаќаме и за она што го даваат другите! вели Лекорну. Со оглед на тоа што ЕМФе европски буџет, секоја земја придонесува во него до нејзиниот бруто национален приход, а Германија е главниот финансиер.

Според институтот за светската економија од Кил, кој ја наведува помошта доделена на Украина од почетокот на руската офанзива, Франција сепак е само на тринаесеттата позиција во однос на воената поддршка, далеку зад САД и Обединетото Кралство, но и Полска, Германија , па дури и Латвија и Данска. Рангирањето што не ги одразува напорите на Франција, уверува опкружувањето Лекорну, за кого Франција „не треба да се срами од она што е направено“. Да се отчетуваше за се, повеќе би сакале да бидеме во топ пет во светот“, додаваат од кабинетот на министерот за вооружени сили. Невозможно е да се потврди тврдењето: за разлика од другите земји, како што се Соединетите Американски Држави или Германија, Франција не дава детали за своите испораки на воена опрема за Украина.тг/

Остани поврзан