Франција загрижена од ескалацијата на израелски напади во јужен Либан и бара да се почитува територијалниот интегритет на Сирија
- „Загрижени сме од ескалацијата на израелските напади во јужен Либан. Ги осудуваме нападите што предизвикуваат жртви меѓу цивилното население во регионот. Нашиот став е јасен, имено дека прекинот на огнот од 27 ноември 2024 година мора да се почитува“, рече портпаролот на француското МНР, цитиран од британските медиуми.
Париз, 20 ноември 2025 (МИА) - Франција е загрижена од ескалацијата на израелските напади во јужен Либан и ја повикува израелската армија да го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија, изјави портпаролот на француското Министерство за надворешни работи.
„Загрижени сме од ескалацијата на израелските напади во јужен Либан. Ги осудуваме нападите што предизвикуваат жртви меѓу цивилното население во регионот. Нашиот став е јасен, имено дека прекинот на огнот од 27 ноември 2024 година мора да се почитува“, рече портпаролот на француското МНР, цитиран од британските медиуми.
Израелската армија ги интензивираше воздушните напади во јужен Либан. Нападите имаат за цел да го спречат Хезболах да ги врати своите борбени капацитети во пограничните области, наведуваат израелските команданти.
Портпаролот додаде дека Франција со голема загриженост ја следи ситуацијата во Голанската Висорамнина.
„Франција ја повикува израелската армија да се повлече и да го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија“, рече тој.сд/са/
фото:МИА архива