Франција ги повика своите граѓани да го напуштат Авганистан
- Франција ги повика своите државјани да го напуштат Авганистан поради „развојот на безбедносната состојба во таа земја“, соопшти денеска Амбасадата во Кабул.
Кабул, 13 јули 2021 (МИА) - Франција ги повика своите државјани да го напуштат Авганистан поради „развојот на безбедносната состојба во таа земја“, соопшти денеска Амбасадата во Кабул.
- Француската Влада ќе организира специјален лет утрото на 17 јули, со поаѓање од Кабул, така што целата француска заедница ќе може да се врати во Франција, соопштија од амбасадата, додавајќи дека тоа ќе биде единствениот лет, бидејќи нема да биде изнајмен дополнителен авион.
Амбасадата им порача на Французите кои планираат да останат во Авганистан по 17 јули дека по тој датум повеќе нема да може да им обезбеди безбедно заминување. Во соопштението се додава дека „тимот во Амбасадата работи“, што значи дека засега дипломатската мисија останува отворена.
Странските војски, кои 20 години се наоѓаат во Авганистан во рамки на коалицијата предводена од САД и под покровителство на НАТО, на почетокот на мај го започнаа конечното повлекување, кое треба да заврши кон крајот на следниот месец. гт/