Франција ги зајакна полициските сили долж границата со Италија
- Франција денеска распореди хеликоптер на царинската полиција на нејзината јужна граница со Италија, каде веќе беа поставени антитерористички копнени возила како дел од мерките за зајакнување на граничните контроли и одговор на неодамнешното зголемување на пристигнувања на мигранти и бегалци на островот Лампедуза.

Рим, 19 септември 2023 (МИА) - Франција денеска распореди хеликоптер на царинската полиција на нејзината јужна граница со Италија, каде веќе беа поставени антитерористички копнени возила како дел од мерките за зајакнување на граничните контроли и одговор на неодамнешното зголемување на пристигнувања на мигранти и бегалци на островот Лампедуза.
Меѓутоа, локалната администрација негираше дека е во тек антитерористичка операција, наведувајќи само дека граничните сили вообичаено работат на апсење на илегалните мигранти и нивно враќање во Италија, во што војската им помагала со зголемено присуство, пренесе Анса.
Хеликоптерот прелета над Пон Сен Лидовик и Понте Сан Луиџи на француската и италијанската страна на границата, што е популарна точка за премин за луѓето кои минуваат низ Италија на пат кон повеќе земји во северна Европа. јт/
Фото: МИА архива