Фофана потпиша за Милан
- Фудбалерот од средниот ред на Монако, Јусуф Фофана, потпиша договор со Милан, објави официјалниот сајт на клубот од Милано.

Милано, 17 август 202 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Монако, Јусуф Фофана, потпиша договор со Милан, објави официјалниот сајт на клубот од Милано.
Договорот со 25-годишниот Французин е до летото 2028 година.
Фофана ќе го носи бројот 29 на црвено-црниот дрес.
Минатата сезона Фофана одигра 35 натпревари на кои постигна четири гола и исто толку асистенции.
Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на играчот на 30 милиони евра. зс/
Фото: Фејсбук Милан