• среда, 27 ноември 2024

Форум: Собранието останува на реформскиот курс и продолжува да работи на членството во ЕУ

Форум: Собранието останува на реформскиот курс и продолжува да работи на членството во ЕУ
Скопје, 24 септември 2021 (МИА) - Собранието останува на реформскиот курс и продолжува фокусирано да работи на стратешката цел, а тоа е полноправно членство во Европската Унија, рече во своето обраќање денеска потпретседателот на законодавниот дом, Горан Мисовски на македонско-германскиот форум „30 години независност на Северна Македонија – Улогата на Собранието во демократијата”. Мисовски посочи дека и покрај сите силни напори, спроведените реформи и препораките од Европската Комисија, за жал долго очекуваната сериозна промена кон подобро, кон европската перспектива на нашата земја, се уште не се случи. Како што додаде, причина е блокадата од Бугарија која не се однесува на реформите и достигнување на европските стандарди. Според Мисовски, ова дополнително забавување на процесот на проширување би можело да ја ослабне довербата во Европската Унија, што пак остава простор за појава на националистички и ретроградни процеси. -Сепак се надеваме дека следниот период ќе се најде решение за спорот со Бугарија и ова билатерално прашање ќе го решиме во духот на добрососедските односи, и основните европските вредности кои се дел од договорот за добрососедство, пријателство и соработка потпишан во 2017 година, додаде потпретседателот на Собранието. Тој во своето обраќање на денешниот форум напомена дека во текот на овие 30 години Собранието се соочило со голем број на предизвици, но постигнале и многу успеси. -Собранието како претставнички дом и највисок законодавен орган отсекогаш бил клучната институција за демократизација на опшстеството. На 8 јануари 1991 конституирано е првото повеќепартиско Собрание, кои своите активности ги насочи кон донеусвање на неопходните државотворни акти и документи кои јансо ја изразуваат вековната жечба на нашите граѓани за градење на самостојна и независна држава, рече Мисовски. Тој потсети дека на 25 јануари 1991 година, Собранието ја донесе декларацијата за независнот, а по резултатите од рефенрендумското изјаснување на 8 септември 1991 година, која јансо и недвосмислено ја покажа волјата на мнозинството граѓани да живеат во сопствена држава, Собранието на 17 септември ја донесе декларацијата за суверена и самостојна македонска држава. На седница одржана на 17 декември, како што рече, Собранието ја донесе и декларацијата за меѓународно признавање на државата како суверена и независна. -Низ целиот овој период Собранието работи посветено, за да испорача конкретни мерки за усогласување со европските стандарди во областа на човековите права, демократијата и владеењето на правото, и со тоа да го исполни стремежот на граѓаните за понатамошна интеграција во Европската унија. Напоредно со исполнување на европската агенда, настојуваме да останеме позитивен пример за добрососедските односи преку создавање на долгорочни партнерства, рече Мисовски. Пратениците, како што напомена, се се поактивни во надворешната политика преку воспоставени мрежи на контакти и односи со други Парламенти и меѓународни парламентарни собранија. Притоа, како што рече, тие ги афирмираат националните интереси на меѓународната сцена, а своето искуство во странство го преточуваат во подобро информирани одлуки на национално ниво. -Иако реформите имаат за цел да го подобрат животот на нашите граѓани, европската перпсектива и процесот на пристапување е се уште најдобрата алатка за трансформација на општеството и нуди дополнителен поттик за понатамошно инкорпорирање на европските стандарди и добри практики во змејата, додаде Мисовски. Проф. Д-р. Норберт Ламерт, претседател на Фондација Конрад Аденауер и поранешен претседател на Германскиот Бундестаг во видео обраќање посочи дека разликата меѓу политичките системи во светот не е постоењето на влади, туку е во тоа дали има парламенти, дали тие имаат самостојно влијание врз политиката на земјата, дали ја имаат надлежноста за законодавноста во земјата. - Посетата на сојузната канцеларка во регионот пред неколку дена јасно го нагласи германскиот интерес, и Ангела Меркел не остави сомнеж дека за следните сојузни влади важат тие ветувања кои ги дадовме, а со тоа е поврзано и очекувањето за соодветен процес во партнерските земји. Ние како Фондација сакаме да го дадеме својот придонес во оваа европска перспектива, заклучи Ламерт. мс/бт/              

Остани поврзан