• понеделник, 23 декември 2024

Форум на Жени на ДУИ: Демонстрантите ја навредија и омаловажија жената Албанкa

Форум на Жени на ДУИ: Демонстрантите ја навредија и омаловажија жената Албанкa
Скопје, 17 септември 2021 Форумот на Жени на Демократската Унија за Интеграција реагира и остро го осудува недемократското однесување на некои злонамерни луѓе, кои го користат трагичниот случај во Тетово за политички цели и кои денес изразија насилство врз личноста на една жена, мајка, сопруга, сестра, ќерка и градоначалничка на Тетово. Форумот на жени на ДУИ проценува дека навредливите зборови на некои демонстранти кон градоначалничката г -ѓа Теута Арифи, ја навредуваат секоја жена што се занимава со политика и ова не е добро за демократијата на една земја. Изразуваме искрено сочувство до семејствата и бараме од политичките партии да не ја злоупотребуваат нивната болка. Во исто време, ги покануваме сите форуми на политичките партии во земјата да го осудат овој чин бидејќи на овој начин ќе го заштитат интегритетот на жената, ќе се заштитат себеси и иднината на положбата на жената во политиката и во општеството. Демократската Унија за Интеграција ------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан