• сабота, 23 ноември 2024

Форум во Куманово на тема „Развојни можности во женско претприемништво во североисточен плански регион“

Форум во Куманово на тема „Развојни можности во женско претприемништво во североисточен плански регион“
Куманово, 2 ноември 2022 (МИА) - Претставнички на бизнис заедницата од општините од североистокот, локалната власт, претставници на институции и установи денеска во Куманово разговараа за предизвиците и потенцијалите на форумот на тема „Развојни можности во женско претприемништво во североисточен плански регион“. Форумот го организираа Националната платформа за женско претприемништво Куманово, преку проект кофинансиран од Европската Унија, а се спроведува од страна на Здружение на бизнис жени во партнерство со Фондација за менаџмент и индустриско истражување МИР и Сојуз на стопански комори на Македонија. Претседателка на Националната платформа за женско претприемништво, Валентина Дисоска, рече дека во моментов претприемачките ја чувствуваат последиците од економско-енергетската криза. - Сите знаеме дека се наоѓаме во криза и дека таа е она што го кочи претприемништвото. Статистиката покажува дека жените претприемачки, за жал, во минатите неколку години назадуваат и тоа се гледа и во обртот, бројот на вработени. Но, многу е тажно кога ќе ги видиме бројките на новоотворени и затворени компании, бидејќи бројките на затворени компании се повеќе отколку бројките на новоотворени. Затоа, работиме на оваа тема, преку Националната платформа за женско претприемништво што е продолжение на националната стратегија за женско претприемништво. Тоа е проект кој е финансиран од Европската унија и го работиме како здружение на бизнис жени, фондација за менаџмент и индустриско истражување како Сојузот на стопански комори, изјави Дисоска. Таа појаснува дека работат на пренесување на информации и знаење од националната стратегија за женско претприемништво од национално на локално ниво. Според неа, важно е документите да се пренесат и реализираат во пракса од национално на локално ниво, да се работи со жените на терен, да се зајакне и локалната економија и женското претприемништво. - Тоа го работиме на терен за да го направиме првиот чекор на подобрување на женското претприемништво, нагласува Дисоска. Дивна Јанкова, локален координатор на Национална платформа за женско претприемништво во североисточен плански регион, смета дека жените се потенцијал, кој треба да се искористи, важно е да зајакнат. - Да им се даде самодоверба затоа што уште се под влијание на социјалните и културните фактори. Треба едукација за стекнување на специфични способности и знаења, финансии, да се јакне самодовербата преку обуки и техничка помош како би можела да стекне самодоверба да направи свој бизнис. На жените од рурални средини повеќе информации во помалите места, видовме дека малку информации имаат за тоа што можат и што им се нуди. Повеќе едукации и на жените земјоделки да им се даде помош да отворат свое стопанство и да бидат носители на свое име да отворат бизнис со тоа жените ќе зајакнат и понатаму ќе се развие економијата и ќе отворат нови работни места. Жените се поуспешни но помалку искористени. Да се справуваат со раководни функции, за работни места да им се верува едукација, обуки и нормално практични обуки и тоа да го применат, кажа Јанкова. Раководителката на Центар за вработување Куманово, Марија Димитријевска сподели информација дека од 12.077 невработени лица активни баратели на работа 6.421 се жени активни баратели. - Тоа укажува дека жените со 53 проценти активно учествуваат на пазарот на труд. Од оваа бројка согласно квалификациската структура, од 728 невработени со високо образование 500 се жени, значи 68,7 проценти од лицата кои имаат високо образование се жени. Учеството на жената на пазарот на труд односно во реализација на оперативниот план за активни планови и мерки во 2021 година до овој момент е 53,8 проценти учеството на жената во реализацијата на оперативниот план, додека во учеството на програмата за самовработување 37,7 проценти е учеството на жената, кажа Димитријевска. Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски вели дека во Куманово половина од раководителките во општинската администрацијата се жени. - Од пет средни училишта со трите најголеми управуваат жени, од вкупниот број на сите сектори во општина Куманово повеќе од половина се припадничките на понежниот пол кои успешно менаџираат. И таму каде што се смета дека жената нема физичка можност да одговори на одреден предизвик шефот на обезбедувањето во општина Куманово е жена. Ги надминуваме тие бариери, кажа Димитриевски. Жените имаат потенцијал, потребна е суштинска поддршка од институциите, надлежните и претставнички на бизнис заедницата од општините од североистокот. ам/сст/

Остани поврзан