• понеделник, 23 декември 2024

Формула 1 има шест повеќекратни победници во една сезона за прв пат од 1981 година

Формула 1 има шест повеќекратни победници во една сезона за прв пат од 1981 година

Лондон, 28 октомври 2024 (МИА) - Возачот на Ферари, Карлос Сајнц победи на вчерашната трка за Големата награда на Мексико Сити и придонесе Формула 1 да изедначи достигнување старо 43 години.

Сајнц кој претходно заврши на првото место во Австралија, стана шестиот возач со две или повеќе победи во 2024 година.

Ова се случи само еднаш во Ф1 – во 1981 година. Тогаш победи на две или повеќе трки остварија: Нелсон Пике (три), Ален Прост (три), Карлос Ројтман (две), Жил Вилнев (две), Жак Лафит (две) и Алан Џонс (две). Таа сезона Пике ја освои шампионската титула, со еден бод повеќе од Ројтеман.

Во тековната сезона која има четири трки до крајот покрај Сајнц победници беа и возачот на Ред Бул, Макс Верстапен (седум пати), тимските колеги од Мекларен, Ландо Норис (три) и Оскар Пјастри (две), претставникот на Ферари, Шарл Леклер (три) и возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон (два). Освен овие возач на Мерцедес, Џорџ Расел, забележа една победа. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан