• среда, 25 декември 2024

Формула 1 е во преговори со Амазон

Формула 1 е во преговори со Амазон
Лондон, 23 декември 2020 (МИА) - Извршниот директор на Формула 1, Чејс Кери изјави дека има намера да ги продава трките не само на ТВ, туку и на услугите за стриминг на „Amazon Prime“ и „Hulu“. - Имавме суштински дискусии со Амазон и други глобални дигитални платформи. Тие се многу важен потенцијален партнер за нас и обезбедуваат можност за развој и проширување на нашиот бизнис, истакнува Кери во изјавата за „Аутоспорт“. Кери додаде дека чекорот кон веб-емитување е важен процес да не се губат обожавателите кои се навикнати на дигитални платформи. зс/

Остани поврзан