• сабота, 27 јули 2024

Формула 1 го честиташе јубилејот на 24 часа Ле Ман

Формула 1 го честиташе јубилејот на 24 часа Ле Ман

Лондон, 11 јуни 2023 (МИА) – Раководството на Формула 1 упати честитки за 100-годишнината од трката 24 часа Ле Ман.

 

Трката со спортски автомобили фокусирана на издржливост се одржува секоја година во близина на францускиот град Ле Ман.

 

- 100 години возбудливи трки, незаборавни битки и неверојатен успех. Во име на Формула 1, упатуваме честитки до 24 часа Ле Ман по повод 100-годишнината. На сите учесници, тимови и навивачи им посакуваме пријатен тркачки викенд, стои во објавата на Ф-1 на социјалните мрежи.

 

Првата трка 24 часа Ле Ман се одржа во 1923 година. Сегашното издание е 91. во историјата. На трката учествуваат Данил Квјат, Себастијан Буеми, Антонио Џовинаци и многу други поранешни возачи во Формула 1. зс/

 

Фото: Фејсбук 24 Ле Ман

Остани поврзан