Формиран Дебатен клуб за млади во Неготино
- Дебатен клуб е формиран во Неготино, како плод на соработката на Младински образовен форум со регионалното здружение за заштита на животната средина, „Ековита“. Во текот на денешниот ден беше реализирана дебата.

Неготино, 28 октомври 2023 (МИА) - Дебатен клуб е формиран во Неготино, како плод на соработката на Младински образовен форум со регионалното здружение за заштита на животната средина, „Ековита“. Во текот на денешниот ден беше реализирана дебата.
- Средношколци од гимназија „Свети Кирил и Методиј“ имаа вистинско искуство со тренинг на тема побивање, предавачи беа обучените тренери за дебата, Ристе Димов и Кирил Димитров. Во текот на тренингот, учениците се запознаа со елементите и техниките на побивање. Тие беа поделени на афирмација група и група за негација. Преку интерактивните дискусии, учениците научија многу и ги развиваа своите вештини за решавање на конфликти и спроведување на конструктивни дијалози, појасни Кристина Тодорова од здружението на граѓани „Ековита“.
Тодорова ја поздрави соработката со Младински образовен форум и нагласи дека е од големо значење формирањето на еден ваков дебатен клуб.
- Младински образовен форум работи на бројни проекти во кои се вклучени младите и затоа е задоволство да се соработува со нив. Целта е заедничка, развивање на позитивните вредности кај младите и унапредување на нивните знаења, бидејќи тие се нашата иднина, подвлече Тодорова.
Денешната дебата се реализираше во просториите на шаховскиот клуб во Неготино. свд/аа/
Фото: „Ековита“