• петок, 05 декември 2025

Формирана Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција

Формирана Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција

Скопје, 6 мај 2025 (МИА) -  Во Македонското Собрание денеска беше формирана Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија. 

-Во оваа Група ќе бидат застапени членови од сите политички партии во Собранието, а за претседател на Групата е избран пратеникот Игор Здравковски, додека за негови заменици - пратениците Амар Мециновиќ и Арбана Пашоли. Иако во актуелниот парламентарен состав нема Роми, сепак оваа Група ќе продолжи да ги застапува граѓаните од оваа припадност, се вели во соопштението од Собранието.

Претседателот на Групата Здравковски информира за статистичките бројки во однос на образованието, невработеноста и институционалната вклученост на Ромите, кои, како што рече, се поразителни.

Токму затоа, нагласи тој, потребни се дополнителни напори за издигање на состојбата на ромската заедница во државата.

На конституирањето на Групата во овој мандат, присуствуваше и претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој покажа интерес за активно вклучување во подобрување на правата на Ромите.

-Оваа седница нека биде повик кон нашата совест системски да ги решаваме проблемите на Ромите, рече Гаши.

Сето ова, велат од Собранието, во насока на почитување на Уставот, кој ги третира сите граѓани подеднакво и пратениците како најповикани, треба да дадат максимални заложби за никој во државата да не се почувствува дискриминиран. сст/са/

Фото Собрание на РСМ

 

Остани поврзан