• среда, 27 ноември 2024

Форд затвора три фабрики во Бразил

Форд затвора три фабрики во Бразил
Вашингтон, 12 јануари 2021 (МИА) - Американскиот производител на автомобили „Форд мотор ко“ денеска објави дека годинава ќе затвори три свои фабрики во Бразил поради отежнувачките даночни услови предизвикани од пандемијата на коронавирусот. Официјални лица од Форд велат дека овој потег е дел од глобалниот план за преструктурирање што на американската компанија што треба да ѝ донесе заработка од 11 милијарди долари. Затворањето на фабриките во Бразил ќе влијае на околу 5.000 вработени, главно бразилски државјани. си/сд/

Остани поврзан