• петок, 22 ноември 2024

Фон дер Лајен: Русија ќе мора да плати за воените злосторства во Украина

Фон дер Лајен: Русија ќе мора да плати за воените злосторства во Украина

Брисел, 6 јуни 2023 (МИА) – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Русија ќе мора да плати за воените злосторства извршени во Украина.

- Уништувањето на браната, невиден напад врз цивилната инфраструктура, става во опасност илјадници луѓе во регионот Херсон. Европа мобилизира поддршка преку Механизмот за цивилна заштита. Се координираме со земјите-членки за брза испорака на пумпи, противпожарни црева, филтри за вода. Стоиме покрај Украина онолку долго колку што е потребно, напиша Фон дер Лајен на Твитер.

Претходно, претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, го осуди нападот, истакнувајќи дека украинските деца, жени и мажи ќе трпат последици од страшното уништување на хидроцентралата Каховка. јт/

Фото: Твитер

Остани поврзан