• четврток, 07 ноември 2024

Фон дер Лајен го напушти самитот на ЕУ поради сомнеж на Ковид-19

Фон дер Лајен го напушти самитот на ЕУ поради сомнеж на Ковид-19
Брисел, 15 октомври 2020 (МИА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен го напушти самитот на лидерите на ЕУ поради сомнеж на Ковид-19 и заминува во самоизолација. Фон дер Лајен веднаш по почетокот на состанокот во Брисел добила информација дека еден член на нејзиниот кабинет бил позитивен на тестот на коронавирус. - Мојот тест е негативен, но од предострожност веднаш го напуштам Европскиот совет и заминувам во самоизолација, напиша Фон дер Лајен на својот твитер-налог. Таа на почетокот на месецов веќе беше во самоизолација поради присуство на состанок во Лисабон, на кој се наоѓало лице позитивно на Ковид-19. гт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан